Кире Лазаров се спаси, Вардар сигурно нема да игра против Нант!

Ждрепката за Ф4-турнирот во Келн е во тек, а бидејќи се одвива во два дела, уште не се знаат полуфиналните противници, но стана јасно со кого Вардар нема да игра.

Македонскиот и европски првак сигурно нема да се соочи со Нант во полуфиналето. Можни противници се Монпелје и ПСЖ, одреди ждрепката. Според системот кој го практикува ЕХФ, прво се влечат тимовите кои имаат улога на формален домаќин, а во вториот дел нивните противници. Такви се Нант и Вардар засега.

Ова, на некој начин, претставува олеснување за Кире Лазаров и неговите соиграчи, бидејќи го избегнаа европскиот првак. Македонскиот капитен минатата сезона отпадна од Вардар во полуфиналето, кога играше за Барселона, но овој пат ќе има поинаква судбина.