Кил со пресврт го совлада Хановер, Кузмановски постигна еден гол

Хановер имаше добра шанса да го шокира Кил во петтото коло од ракометната Бундеслига, но сепак гигантот славеше на крајот со 29-27, а шанса на мечот доби и македонскиот ракометар Филип Кузмановски.

Екипата на Кузмановски играше добро против Кил и на полувреме имаше негатива од 13-15, но потоа влезе во ритам и направи целосен пресврт, па во самиот финиш водеше со четири гола (24-20).

Кил не дозволи изненадување, па ги поправи грешките во нападот и одбраната, по што триумфира со 29-27, а најдобар во победата беше Јохансон со осум гола, додека Кузмановски запиша еден погодок.