Кавтичник: Немавме посебна желба, среќни сме што ќе играме против Вардар

Монеплје сезонава во групната фаза во Лигата на шампионите веќе играше против една македонска екипа, Металург, но сега во полуфиналето на завршниот турнир во Келн ќе се соочи и со најдоброто од Македонија, Вардар.

Еден од најискусните ракометари во составот на францускиот тим, Вид Кавтичник остана рамнодушен на фактот што за противник го доби актуелниот европски првак. Според него, на Монпелје му е сеедно против кого ќе игра и дека сите тимови се подеднакво квалитетни.

„Немавме посебна желба за противник, бидејќи сите се силни и одиграа фантастично цела сезона. Тоа особено важи за во четвртфиналето, а треба да се каже дека Вардар го елиминираше Кил. Не победи со голема разлика, но се пласираше во Келн. Ние прво сакавме да се пласираме на завршниот турнир и сигурно дека сме задоволни. Имаме уште што да покажеме и сигурно дека сме среќни што ќе играме против Вардар“, изјави Словенецот.