Карабатиќ ќе остане во ПСЖ до 2024 година

Францускиот гигант ПСЖ потврди дека потпишале нов договор со Никола Карбатиќ на уште една сезона, односно неговата соработка ќе важи до 30 јуни 2024 година.

Карабатиќ пристигна во Париз во 2015 година, по што го освои францускиот шампионат дури седум пати, а се закити и со три титули во Купот, како и два пехари во Лигата на шампиони (ЛШ).

Искусниот ракометар за неговата репрезентација настапи на 346 натпревари, а притоа постигна 1.274 погодоци.