Кантегрел: Се боревме до самиот крај и дојдовме до важна победа

Робин Кантегрел полека го демонстрира својот талент на голот на Вардар. Францускиот голман во денешната поебда против Елверум собра пет интервенции и тоа сите во последните минути од средбата кога се кршеше резултатот.

Тој се надева дека Вардар до крајот на групната фаза ќе освои што е можно повеќе бодови пред почетокот на нокаут-рундата. 

„Прво би сала да кажам нешто за Алфредо Кинтана од Порто кој доживеа срцев удар. Се надевам дека голманот ќе ја добие животната битката. Што се однесува до мечот, се боревме до самиот крај и дојдовме до тежок триумф на крајот. Се надевам дека ќе освоиме уште многу повеќе бодови на следните натпревари до крајот на групната фаза. Честитки и за Елверум, сигурно е тешко да се игра двапати надвор од дома“, кажа Кантегрел.