Кадетките ја прегазија Турција и најавија борба за 5. место на ЕХФ шампионатот во Италија

Женската кадетска репрезентација на Македонија забележа убедлива победа над Турција со 36-25 на ЕХФ шампионатот во Италија, во разигрувањето за пласман од 5-то до 8-мо место на ова натпреварување.

Во првото полувреме „црвено - жолтите“ девојки постојано имаа подеми и падови во играта, па првите 30 минути ги завршија со предност од два гола разлика (17:15). Но, во вториот дел одиграа далеку подобро, делуваа многу постабилни во сите сегменти, а тоа резултирше со убедлива победа од плус 11 разлика.

Македонија утре на пладне ќе се соочи со Белорусија во мечот за 5. место.