Јовиќ: Против Алборг достојно ќе го презентираме македонскиот ракомет

Тренерот на Е. Пелистер, Александар Јовиќ верува дека неговите ракометари на високо ниво ќе се претстават во мечот против Алборг од Лигата на шампионите.

Пелистер во среда со почеток од 20:45 часот му гостува на Алборг во рамките од второто коло во Лигата на шампионите.

Битолскиот тим разочара во првото коло кога доживеа дебакл на свој терен од Колстад, а сега ќе имаат тешка задача да го поправат впечатокот во Данска, но Јовиќ верува во своите момци.

 „Втор натпревар по ред играме против скандинавски ривал. Не треба да се трошат зборови за Алборг. Оваа екипа неодамна играше и финале на Лигата на шампионите, а сега се засилени со ракометари како Ландин и повратникот Хансен. Верувам дека ќе се издигнеме, ќе одиграме во рамките на нашите можности и достојно ќе го претставиме македонскиот ракомет“, вели Јовиќ.

Новото засилување на Пелистер, Данецот Андреас Јохан Нилсен најдобро го познават Алборг.

„Добро го познавам тимот на Алборг, играв со многу ракометари во нивната екипа, а со некои често бев и противник. Сите знаеме колку се силни и тоа го покажаа на натпреварот против Киелце. Загубија во Суперкупот на Данска од ГОГ Гудме, но тоа и не е толку важно натпреварување во Данска. Многу поважно е како реагираа потоа и наредија само победи во данското првенство и Лигата на шампионите“, вели Нилсен.