Јовиќ: Нема телефонски да се договараме со Лино!

Металург в сабота ќе се најде во специфична ситуација, бидејќи на дуелот со Мотор Запорожје екипата ќе ја води Александар Јовиќ, а првпат на трибини ќе биде Лино Червар, но исклучиво како гледач.

Лино Червар потврди дека нема да ја води екипата и само ќе следи од трибини, а за оваа интересна ситуација коментираше и Јовиќ.

„Знаете сите дека Червар е во Скопје, него го сметам за мој учител и мој ментор. Оваа недела тренираше со нас заедно и мислам дека еден тренер и човек како него со огромно искуство и човек со многу позитивна енегија и за нас тренерите и за играчите ќе биде од голема корист на овој натпревар“, вели Јовиќ.

А на прашањето дали ќе комуницираат телефонски на релација клупа-трибини:

Не, нема да комуницираме телефонски. Знам дека тоа се има случувано во македонскиот ракомет, меѓу Вујо и Аце Станковски...ама нема да се договараме телефонски“, рече во смеа Јовиќ.

Натпреварот со Мотор се игра в сабота во 17.30 часот.