
Италија по вторпат ја совлада Летонија во квалификациите за ЕП
Летонија на средината на првото полувреме водеше со 10-8, но Италија влезе во серија од неколку погодоци за на паузата да замине со 14-12.
Италија продолжи со добрата игра на стартот на вториот дел, кога поведе со 22-15, по што Летоније не успеа да ја врати резултатската неизвесност.
Најефикасен во екипата на Летонија беше Марис Версаковс со осум голови, додека Џанлука Дапиран запиша пет погодоци за Италија.