Хрватска ја прегази Словачка: Четири погодоци за Гаџа, два за Чупиќ!

Хрватската ракометна репрезентација ја запиша третата победа во исто толку натпревари во ЕХФ Купот, откако денеска триумфираше против Словачка со 32-24.

Хрватска тргна фуриозно и уште на почетокот избега на четири голови предност (5-1), по што Словачка се врати во игра и израмни на 7-7. Сепак, во завршницата од првото полувреме Хрватите беа одлично во нападот и на паузата заминаа со 16-10.

Во вториот дел водството на „коцкестите“ порасна и на максимални +11 ( 27-16), па Словачка мораше да се спасува од поголем дебакл и на крајот загуби со 24-32.

По пет гола во составот на Хрватска постигнаа Михиќ и Мандиќ, додека ракометарите на Вардар, Анте Гаџа постигна четири, додека Иван Чупиќ два гола.