Хрватите го величаат Вардар: Чупиќ и друштвото го изметоа Загреб! (ФОТО)

Ракометарите на макеоднскиот шампион Вардар вчеравечер го разнесоа Загреб со маестрален меч во кој „балканското дерби“ не донесе возбуда, зашто црвено-црните уште на полувреме го решија прашањето за победникот.

Вардар со спектакуларен меч во кој брилјираше Дејан Милосављев на голот, а Дaинис Криштопанс бомбардираше од сите страни, на Загреб му дозволи да даде само шест гола, а со плус осум заминаа на паузата. На крајот славеа со девет разлика, иако имаа и двоцифрена предност (27-18) и со тоа го обезбедија веќе четвртфиналето во ЛШ.

После совршениот меч, со страшното полувреме, веројатно најдоброто во историјата на црвено-црните, барем кога би се гледало каква одбрана одиграа, хрватските медиуми не престанаа да го величаат Вардар.

„Потоп во Арена! Загреб загуби од моќниот Вардар“, пишува „24 сата“

„Вардар среде Загреб држеше ракометна лекција“, беше насловот на „Тпортал“

„Катастрофа на загрепчани во најважниот меч во годината: Чупиќ и друштвото го изметоа хрватскиот првак уште во првото полувреме“, пишува „Спортске Новости“.

„Дебакл на ППД Загреб против Вардар“, пишува „Дневно“.

Сите хрватски медиуми се согласни дека Вардар одиграл моќно и дека на хрватскиот првак буквално му одржал ракометна лекција. А, со таков став е и целата хрватска јавност, која си призна дека Загреб во моментов не му е ни до колена на македонскиот шампион и бивш европски првак од 2017 година.