Рим ќе добие нов шампион - Зверев е во „аут“

Германскиот тенисер Александер Зверев нема да ја одбрани титулата на Мастерсот во Рим откако доцна синоќа доживеа елиминација од Лоренцо Музети во четвртфиналната фаза од турнирот.

Музети славеше во два сета (7-6, 6-4) во меч кој траеше 2 часа и 16 минути. Ова е уште еден во низата неуспеси на Зверев оваа сезона, а дојде само неколку часа откако официјално го загуби второто место на АТП листата поради пласманот на Алкараз во полуфиналето.

Токму Алкараз ќе биде следен противник на Музети, а Италија може да има два претставника меѓу четирите најдобри ако Синер денеска го совлада Руд.