Ѓорче Петров немаше сила за изненадување против Елче

Ракометарките на Ѓорче Петров запишаа уште еден убедлив пораз од шпански Елче (18-37) во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп.

Македонскиот тим даде поголем отпор во првото полувреме, кое им припадна на гостите од Шпанија со 16-10, но во вторите 30 минути Елче доминираше на теренот и оствари убедлива победа.

Емилијана Ризоска постигна четири голови, додека Ива Божиновска додаде три погодоци за Ѓорче Петров, а на спротивната страна најефикасна беше Клара Гаско Аранз со 10 голови.