Германците во изолација, бивш соиграч на Талески позитивен на Ковид-19!

Пред неколку дена беше потврден првиот случај на коронавирус во ракометната Бундеслига, кога тестот на Мадс Менса Ларсен беше позитивен, по што вирусот очигледно се префрлил и на уште еден ракометар.

Германските медиуми објавија дека германската ракометна репрезентација е во карантин, откако било откриено дека Јаник Колбахер од Рајн-Некар Левен има коронавирус.

Поради пандемијата на вирусот натпреварувања во речиси сите спортовите се прекинати на неодредено време и се следи развојот на ситуацијата со заразата.