Конечно: Феран Торес го сруши бункерот на Аргентина! (ВИДЕО)

Аргентинците не можеа да се бранат бесконечно долго, на стартот од второто продолжение Шпанија поведе со гол на Феран Торес.

Шпанија напаѓаше во текот на целиот меч, а Аргентина немаше ни шут кон противничкиот гол.

Аргентинците долго се бранеа, одолеваа на шпанските напади, но конечно потклекнаа. По асистенција од Нико Вилијамс, Феран Торес погоди за водство од 1-0.