Црвен за Енцо, Аргентина во продолженијата со - играч помалку!

Пред самиот крај на регуларниот дел од финалето меѓу Аргентина и Шпанија, Енцо Фернандез доби втор жолт картон и ја остави својата репрезентација со фудбалер помалку.

Енцо најпрво доби жолт картон во 82. минута, а десет минути подоцна доби уште еден жолт и автоматски црвен.

Аргентина во двете продолженија од по 15 минути ќе игра со 10 фудбалери на теренот.