ЕХФ по „милионити“ пат му го честита трофејот на Охрид: Добро утро, шампиони (ФОТО)
Успехот на „рибарите“ детално беше проследен од од Европската ракометна федерација (ЕХФ), од каде што синоќа имаа голем број објави на социјалните мрежи потенцирајќи ја огромната радост на играчите и на публиката во салата „Билјанини извори“. Од европската Куќа на ракометот и утринава продолжија во тој стил.
„Добро утро, шампиони. Ова не е сон!“, напишаа од ЕХФ „тагнувајќи“ го македонскиот клуб.
ГРК Охрид е четвртиот македонски тим со европски трофеј, по Кометал Ѓорче Петров и Вардар (двапати) во Купот на Шампионите односно во Лигата на шампионите и Алкалоид, лани во истото натпреварување во кое вчера победија охриѓани.