
Драма во Полска: Кјелце по голема борба го совлада Магдебург
Кјелце имаше добар старт на мечот и водство од 4-1, но Магдебург неколку пати се враќаше на два гола негатива (7-9). Полската екипа во завршницата имаше одлична серија и поведе со 12-8, но потоа гостинскиот состав врати со серија од 4-0 и израмни на 12-12.
Големата борба продолжи и во вториот дел, а Кјелце најчесто водеше со по еден гол, додека Магдебург направи пресврт дури во последните 15 минути од дуелот кога стигна до 23-22. Домаќините, сепак, повторно ја вратија предноста во своја корист и славеше со 27-26.
Алекс Душебајев постигна осум голови за Кјелце, додека Феликс Клар постигна ист број на погодоци за Магдебург.
Реваншот меѓу Кјелце и Магдебург се игра на 1 мај во Германија.