Дибиров се присети на трофејот во ЛШ: Ништо друго не е важно кога си на терен!

Вардар минатата сезона ја освои титулата во ракометната Лига на шампиони, иако според многумина беше аутсајдер поради финансиската криза со која се соочуваше македонскиот клуб.

Но, и покрај сите проблеми, ракометарите на Вардар го освоија вториот трофеј во елитното натпреварување, а Тимур Дибиров даде коментар за „Балкан-Хендбол“ за спомените од тој успех.

„Помина цела година, но овој ден нема никогаш да го заборавиме. Не само поради победата, зашто ова беше ден на триумфот на нашиот спорт. Докажавме дека ништо не е важно кога си на терен. Во тие 60 минути не постојат проблеми во животот. Овој успех ме потсетува на тоа поради што како деца почнавме да тренираме ракомет. Остана да живее таа желба еден ден да стигнеме до врвот и да го освоиме трофејот“, кажа Русинот.