Данска ја нокаутира Германија и остана во игра за полуфинале на ЕП
Данска подобро го отвори мечот и поведе со 6-3, но потоа Германија влезе во одлична серија и го сврте дуелот во своја корист (9-8). Големата борба продолжи и во последните минути од првото полувреме, кое ѝ припадна на Данска со 15-13.
Германија повторно го возврати ударот на стартот на вториот дел (18-17), но веднаш потоа почнаа проблемите во нападот и одбраната, а Данска знаеше како да го искористи за да слави со убедливи 30-22.
Најдобри во селекцијата на Данска беа Јенсен и Хаген со по шест голови, додека Лиза Антл запиша шест погодоци за Германија.