ЦСКА влезе во ритам: Ристовска ѝ даде седум гола на Звезда Звенингород

Македонската ракометарка Сара Ристовска беше најефикасна во победата на ЦСКА Москва против Звезда Звенингород од 35-27.

Ристовска постигна седум погодоци од 10 испратени удари кон противничкиот гол и така заврши како најдобар стрелец во својата екипа.

ЦСКА ја запиша третата победа по ред во групата А од руската Суперлига, па со осум бодови се наоѓа на делба на првата позиција со Ростов.