Црна Гора подобра од Финска, Србија ја прегази Летонија

Ракометарите на Црна Гора вечерва ја совладаа Финска со 29-28, додека Србија немаше милост за Летонија (38-25) во првото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Двете селекции играа одличен ракомет во Подгорица, а Црна Гора во завршницата имаше предност од четири гола (16-12), но набрзо Финска успеа да намали на еден гол негатива пред паузата.

Финска се трудеше во вториот дел да направи пресврт, но не успеа ниту еднаш на мечот да биде во водство, додека Црна Гора успешно ја чуваше предноста до последниот звук од сирената (29-28).

Србите имаа бавен почеток против Летонија, но набрзо се разбудија и на полувреме заминаа со 16-10, додека во вториот дел продолжија да ја зголемуваат разликата до 38-25.

Претходно беше одигран уште еден меч, односно Чешка оствари триумф од 23-17 против Луксембург.