Червар: Судиите често се „главни актери“ на теренот, мора нешто да се промени!

Хрватскиот селектор Лино Червар имаше интервју за хрватското радио, каде што зборуваше за потребните промени во светот на спортот.

Червар смета дека во ракометот постојат четири проблеми, кои мора да се решат во иднина.

„Кога ќе се случи нешто лошо, секогаш може да се извлече и нешто позитивно. ИХФ и ЕХФ многу направија за популаризација на ракометот. Но, треба да го продолжат тој тренд, да се движат заедно со времето. Ракометот има четири проблеми, кои мора да се решат. Прво, стратегијата за развој на ракометната игра во светот и Европа. Потоа, мора да се најде начин за унапредување на тренерите. Трето, има голема можност за унапредување на работата со помлади ракометари од шест до 19 години. Последен проблем се конзервативните и застарени правила на ракометната игра“, кажа Червар.

Червар смета дека наскоро мора да се променат дел од работите во ракометот за тој да биде уште поинтересен, а го спомена и коронавирусот..

„Кажав голем број проблеми и застарени правила кои ја преферираат проценката на судиите, посебни при носење важни одлуки. Сите други спортови, освен ватерполото, се чекор понапред. Судиите, не по своја вина, се во прв план и често се главни актери на натпреварите, а такво нешто не смее да се случува. Правилото 7-6 е едно од најдобрите правила во последните 20 години. Спортот е во опасност поради коронавирусот, но мора да опстане. Мора со оптимизам да гледаме на времето пред нас“, вели Червар.