Чаневски ја има најдобрата одбрана, Јотиќ со трет најатрактивен гол (ВИДЕО)

Еурофарм Работник можеби загуби на гостувањето кај Кокс во 9.коло во Лигата на шампиони, но двајца негови ракометари се најдоа во изборот на ТОП листите на ЕХФ.

Голманот Градимир Чаневски ја има најдобрата одбрана за изминатото коло. Чуварот на мрежата на битолчани всушност имаше двојна одбрана во еден напад со што си го заслужи првото место во ТОП 5.

Покрај Чаневски, на листата се најдоа и одбраните на Биоска од Кадетен, Коралес од ПСЖ, Вулф од Кјелце и Пешиќ од Мешков Брест.

Најдобрите одбрани можете да ги погледнете ТУКА.

Еден од најатрактивните голови од изминатото коло го имаше Ловро Јотиќ од Еурофарм Работник. Хрватот постигна фантастичен погодок на стартот на натпреварот со Кокс со кој го заслужи третото место на листата.

Голот можете да го погледнете ТУКА.