Бомба за историја: Џинот Криштопанс со гол за паметење се „отпиша“ од Скопје! (ВИДЕО)

Со осум погодока, кој од кој поважен, џинот Криштопанс беше сигурно централната фигура во вечерашната победа на Вардар над Пик Сегед (31-23) со која направи огромен исчекор кон фајналфор-турнирот во Келн.

Летонецот со ретко видена бомба од девет метри стави крај на приказната, а неговиот погодок со звукот на сирената можеби ќе биде и последниот кој овој шампионски состав на Вардар го постигнал во „Јане Сандански“ во вака важен меч од Лигата на шампионите. Уживајте во магијата на 215-сантиметри високиот бек на црвено-црните.