Ривс го наполни кошот на Торонто, ама Хачимура погоди за победа на Лејкерс (ВИДЕО)

Торонто Репторс е едно од изненадувањата на сезоната во НБА, а Лос Анџелес Лејкерс мораше во неговиот дом без Лука Дончиќ кој вчера итно замина за Словенија за да присуствува на раѓањето на своето второ дете.

И без него, Лејкерс, сепак, славеа во Канада со 123-120, а притоа добија неочекувани херои. Леброн Џејмс остана во сенка, но затоа одговорноста ја презедоа Остин Ривс и Руи Хачимура кои го однесоа својот тим до победа. Ривс, како и секогаш кога кога не играат првите ѕвезди на тимот, го полни противничкиот кош, па ноќеска постигна 44 поени со 10 асистенции и пет скока, но кошот за победа го погоди Руи Хачимура.

Јапонецот беше едноцифрен до последниот напад, ама знаеше добро да се намести при влезот на Леброн, остана осамен и кога ја доби топката, успеа да погоди со звукот на сирената. Лејкерс заслужено славеа затоа што водеа во најголем дел од натпреварот, во повеќе наврати и со двоцифрена разлика иако Торонто во финишот се заканија дека можат да направат пресврт и да дојдат до победата.

Лејкерс со оваа победа се зацврстија на првото место на табелата во Западната конференција со биланс 16/5. Пред него е само Оклахома која во првите 22 натпревара од сезоната доживеа само еден пораз. Торонто падна на третата позиција, но многу полошо е тоа што го доживеа третиот пораз во последните четири меча откако претходно имаше серија од девет победи.

РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Голден Стејт 99-98
Вашингтон – Бостон 101-146
Бруклин – Јута 110-123
Торонто – ЛА Лејкерс 120-123
Њу Орлеанс – Минесота 116-125