Бабиќ: И покрај поразот, задоволство беше да се игра кај Рајн-Некар!

Еурофарм Пелистер стекна драгоцена лекција со синоќешниот дуел против Рајн-Некар, во „САП-арена“ и покрај поразот со 20-28.

Тренерот Жељко Бабиќ призна дека најмногу потфрлија во нападот, а против сериозен тим како Левен тоа е недозволиво. Во второто полувреме, кога противникот ја направи разликата, Е. Пелистер постигна едноцифрен број голови, а без ниту еден во периодот од 37. до 50. минута.

„Честитки за Рајн-Нкеар левен, беше засслужена победа за нив. Најлошиот дел од нашата игра беше во нападот. Безброј пати направивме грешки, а ако сакате да играте сериозен натпревар против екипа како Рајн-Некар, мора да бидете подобри во нападот. Во одбрана бевме добри. И покрај сè, беше задоволство да се игра овде против Рајн-Некар, мислам дека ќе ни значи овој натпревар многу и ќе биде добра подготовка за останатите што ни престојат“, рече Бабиќ.

Голманот Гарадимир Чаневски имаше шест интервенции, но тој и одбраната не беа проблематичниот дел од играта, како што нагласи и Бабиќ.

„Правевме технички грешки во нападот и промашивме многу чисти шутеви. Мора да тренираме и да го подобриме нападот. Беше уживање да се игра овде во САП-арена. Честитки за домашниоттим и ќе видиме што ќе се случи во Битола“, истакна капитенот на Е. Пелистер.

Тој натпревар е предвиден дури за 23 февруари, а следните два Е. Пелистер ќе ги игра против Тримо Требње, прво на гости во Словенија, на 1 декември, потоа во Битола на 8.