Вардарецот Карапалевски кариерата ќе ја продолжи во Шпанија!

Македонскиот репрезентативец Мартин Карапалевски на крајот од сезоната ќе го напушти Вардар и ќе заигра во шпанското ракометно првенство.

Негов нов тим ќе биде Ваљадолид каде во моментов настапуваат Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, но ќе остане само првиот, додека вториот ќе ја смени средината претстојното лето. Карапалевски е „дете на Вардар“, таму ја почна кариерата, прво во Јуниор, а последните сезони е дел од поранешниот европски шампион. Игра на позицијата среден бек, но оваа сезона не е во прв план кај тренерот Владо Недановски.

Договорот меѓу Карапалевски и Ваљадолид е на две години со можност да биде продолжен на уште една.