Вардар во финишот го скрши отпорот на Охрид и победи, Пелистер подобар од Бутел

Вардар со 29-26 го победи Охрид, но црвено-црните добро се испотија за да дојдат до бодовите, Пелистер со 29-24 славеше на гостувањето кај Бутел.

Вардарци предводени од привремениот тренер Стојанче Стоилов дојдоа до планираната победа против Охрид, но не беше лесно.

Во првиот дел охриѓани имаа предност и од три гола разлика, беше 10-7, но Вардар направи неверојатна серија од 7-1 и на одморот замина со 14-11.

Вториот дел почна со серија на Охрид од 4-0 кои повторно поведоа. Беше возбудливо, неизвесно, од 24-24 следуваше нов пад на гостите, Вардар повторно беше посилен во финишот, направи серија од 5-2 и дојде до победа од 29-26.

Еспиња беше одличен со девет одбрани, Петриќ даде шест гола сите во второто полувреме и можеби беше клучен за победата, Срдановиќ и Крсманчиќ погодија по петпати. Во составот на Охрид најефикасен беше Живан Пешиќ со седум гола.

Пелистер славеше гостинска победа кај Бутел со 29-24.

Број еден играч во тимот на Пелистер беше Филип Кузмановски со девет голови, Радивојевиќ и Пешевски постигнаа по пет.

Пролет со 28-20 славеше на гостувањето кај Радовиш.