Драматични сцени во Холандија: Тренер добил срцев удар среде натпревар
Во натпреварот помеѓу Нец Нијмеген и Гронинген во холандското првенство ба видени драматични сцени откако помошшник-тренерот на НЕЦ Рони Де Грот доживеа срцев удар.
НЕЦ го доби натпреварот со убедливи 6-0, но резултатот остана во сенка поради сцената при водство од 5-0 на домаќините.
Имено, на помошник-тренерот Де Грот му се слошило по што паднал на тревникот, а набрзо било утврдено дека станува збор за срцев удар.
„Разговаравме со докторите кои не известија дека Рони ќе мора да остане во болница уште барем една недела. Досега не знавме дека има проблеми со срцето, но веројатно и тој самиот не знаел ништо“, објави неговиот клуб.