Лоша вест за селекторот: Трапановски пак се повреди – ги пропушта Летонија и Фарски!
Левото крило влезе во игра набрзо по стартот на второто полувреме, но беше заменет по само десетина минути, откако почувствува болки во бутниот мускул. Првичните прогнози не се добри, бидејќи од Шкотска доаѓаат информација дека би можел да паузира најмалку неколку недели. Трапановски поради повреда не беше во комбинација ниту за октомвриските средби, кога жолто-црвените како гости ги совладаа Летонија (3-0) и Ерменија (2-0).
Македонија последните два меча од Лигата на нации ќе ги одигра на домашен терен и тоа против Летонија на 14 ноември, односно три дена подоцна против Фарски острови. Првото место во групата е речиси забетонирано, но избраниците на Милевски ќе бркаат две победи во обид да дојдат до можност преку ова натпреварување да дојдат до бараж за пласман на Мундијалот за две години во САД, Мексико и Канада.