Анчелоти по катастрофата во Валенсија: Фудбалот мора да запре!

Валенсија ја погодија големи поплави во изминатиот период, при што голем број лица го загубија животот, а за ситуацијата зборуваше и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

Италијанецот смета дека во моментов не треба никаде да се игра фудбал поради катастрофата која ѝ се случи на Валенсија и регионот.

„Гледате ли што се случува во Валенсија? Како може да играме фудбал, да бидеме среќни и да уживаме во вакви моменти? Фудбалот мора да запре во ваков момент“, кажа Анчелоти.

Според најновите информации во шпанските медиуми, над 200 лица го загубиле животот во поплавата, а притоа е предизвикана огромна материјална штета.