
Вардар со врамени дресови ги испрати Талески и Моралес на печалба (ФОТО)
Левиот бек и репрезентативец Филип Талески и десниот бек Куни Моралес денеска го играат последниот меч во црвено-црниот дрес и заминуваат на печалба, па Вардар со врамени дресови им се заблагодари за придонесот во дресот на најголемиот македонски клуб.
Талески заминува на печалба во Бенфика, додека Моралес уште пред еден месец официјално се договори со ППД Загреб и им се придружува на екс-вардарците Иван Чупиќ и Тимур Дибиров во хрватската престолнина.