
Против Загреб со навивачи: „Вардарци“ добиваат подршка од трибините
Во „Јане Сандански“ по подолго време ќе може да има навивачи на трибините, но со одреден капацитет. Вардар ќе можат да го бодрат само оние фанови кои ги исполнуваат условите според мерките за заштите од Ковид-19 кои ги донесе Владата пред неколку денови.
„Натпреварот Вардар - Загреб ќе можат да го проследат 1.000 гледачи. Влезот ќе биде бесплатен, но со лична карта, со доказ за барем една примен вакцина или со потврда за прележан ковид во минатите 45 дена. Еве ова нека биде покана за нашите навивачи после долго време да дојдат и да го бодрат Вардар“, изјави претседателот на Вардар, Михајло Михајловски.
По извесен период клубот ќе пушт билети во продажба за сите конкуренции, кои ќе можат да бидат купени под истите услови. Ако се случи да има некаков застој, одложување на натпреварите, оние што купиле сезонски билети ќе им важат И за следната сезона.