
Вардар му посака на Пелистер да станат - Вардар!
По успехот на младинскиот состав на битолскиот клуб честитка стигна и од редовите на Ваедар, меѓутоа црвено-црните во својата објава не заборавија и да го истакнат првиот европски трофеј на првиот тим на Вардар во 2017 година, исто така во Келн.
„Честитки РК Пелистер за пласманот на нивните младинци на Ф4 турнирот во Келн. Секогаш се радуваме на успехот на македонските екипи, особено кога имаат одлични резултати на европска сцена. Ривалството секогаш носи напредок, а тоа резултати. Им посакуваме успех, да имаат ист резултат како и кога Вардар на своето премиерно издание во Келн во 2017 година стана европски првак“, стои во објавата на Вардар на социјалните мрежи.