Вардар ќе се соочи со Металург, а Е. Пелистер против Бутел во Купот

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска ја одржа ждрепката за завршницата на ракометниот Куп, а во полуфиналето се избегнаа тимовите на Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во полуфиналето ќе се соочат тимовите на Вардар и Металург, односно екипите на Еурофарм Пелистер и Бутел.

Вардар на патот до завршниот турнир стигна откако ги елиминираше Текстилец, Тиквеш и Радовиш, додека Металург ги совлада Куманово, КЛ7 и Работнички.

Е. Пелистер беше подобар од Пролет, Младост и Вардар Неготино, а Бутел беше подобар од Јуниор КВ, Кичево и Охрид.

Во женска конкуренција Куманово и Металург, односно Вардар и Чаир се полуфиналните двојки. Машките полуфинални дуели се играат во петок (14 мај), полуфиналињата кај дамите се ден подоцна, додека двете финалиња се закажани за недела (16 мај), сите во салата „Автокоманда“.