Вардар последната проверка пред Супер Глоуб ќе ја има против - Грци

Вардар ги заврши успешно подготовките во Требиње, кадешто триумфираа на турнирот, па сега си најдоа спаринг партнери пред настапот на Супер Глоуб.

„Црвено-црните“ ќе одиграат уште два подготвителни натпревари и тоа со Еурофарм Работник и АЕК, по што ќе заминат во Саудиска Арабија.

Ракометарите на европскиот шампион во понеделникот се вратија од Требиње, по што имаа два дена одмор, а од утре ги почнуваат тренинзите и подготовките за Супер Глоуб, кој ќе се одржи од 27 до 31 август.