Вардар ја засилува одбраната, Велко Маркоски се враќа по 13 години!

Актуелниот македонски шампион Вардар денеска се засили со искусниот ракометар Велко Маркоски кој се враќа во екипата на „црвено-црните“ по пауза од 13 години.

Маркоски ќе је засили одбраната на „црвено-црните“ и во екипата на Вардар ќе остане до крајот на сезоната, иако постои опција договорот да биде продолжен.

Поранешниот репрезентативец веќе се приклучи на тренингот и му се стави на располагање на тренерот Владо Недановски.

Маркоски претходно го носеше дресот на македонскиот шампион од 2004 до 2010 година, а во првата полусезона ги одигра сите натпревари во матичната Струга.

Вардар во плејофот ќе почне со максимални три бодови и ќе се обиде да ја одбрани двојната круна.