Вардар ја комплетираше пикерската позиција: Потпиша со млад Словенец

Словенецот Домен Сикошек Пелко е нов ракометар на Вардар, откако потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште две. 

Се работи за а 202 санитметри висок ракометар,  кој лани настапуваше во австрискиот клуб Брук. Сикошек Пелко ќе им биде соиграч на Стојанче Стоилов и на Сергеј Горпишин, кој исто така дојде во редовите на европскиот шампион ова лето. 

„Голема чест и задоволство е кога може да ти се исполнат соништата и да добиеш шанса да играш за европски првак и институција каква што е Вардар. Знам дека ме чека уште многу сериозна и напорна работа и докажување, но и сигурен сум дека ќе дадам се од себе, па и повеќе од 100 отсто. Се радувам на соработката со тренерот Давид Писонеро и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Доаѓам од Словенија од ракометното школо на РК Требње, а од таму потекнува и мојот сонародник Сташ Скубе, па сигурно тоа и ќе ми помогне околу адаптацијата во тимот, вели ракометарот за клупската интернет-страница.