Кадетите почнаа со подготовки за ЕП - ќе тестираат со Грција!
Младите ракометари се собраа во салата „Јане Сандански“ во Скопје, каде што ќе имаат подготовки од 6 до 8 јули, а потоа заминуваат во Австрија.
Враќањето од Австрија се очекува на 15 јули, по што кадетите ги очекуваат два пријателски натпревари против Грција.
Првиот натпревар ќе го играат на 18 јули од 18 часот, додека вториот е закажан еден ден подоцна од 12 часот.
Македонија на ЕП ќе тргна против Словенија на 29 јули од 12 часот, а еден ден подоцна се соочува со Франција во истиот термин. Потоа следи пресметка против Шведска, а дополнително ќе биде објавен точниот термин.