Пелистер се раздели со шестмина - заминаа капитените!

Фудбалскиот клуб Пелистер и официјално се збогува со шест фудбалери, а меѓу нив се и двајцата капитени, Мирко Ивановски и Александар Ристевски.

Пелистер преку официјално соопштение се раздели со капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангеловски, Филип Бошковски и Вилдан Керим.

Клубот почнува нов проект кој цели кон експресно враќање во Првата лига.

Соопштението на битолскиот тим ви го пренесуваме во целост:

„Пелистер им се заблагодарува на шестмина фудбалери.
Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста дека, по истекот на договорите, завршува соработката со шестмина наши фудбалери.
Зелено-белиот дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим.
Во името на клубот, искрено им благодариме за професионалниот однос, пожртвуваноста, посветеноста и придонесот што го дадоа во изминатиот период. Со својата работа, карактер и борбеност, секој од нив остави свој белег во зелено-белиот дрес и беше дел од приказната на Пелистер.
ФК Пелистер им посакува многу здравје, среќа и успех во понатамошниот тек од нивните кариери, како на професионален, така и на личен план.
Вратите на Пелистер секогаш ќе останат отворени за вас, бидејќи еднаш кога ќе станете дел од нашето зелено-бело семејство, Пелистер засекогаш останува ваш дом.
Ви благодариме за сè и ви посакуваме многу среќа во новите предизвици“, објави Пелистер.