Мерино ја однесе Шпанија во четвртфинале, Роналдо ја завршува кариерата без освоено СП! (ВИДЕО)

Со гол на Мерино во 91. минута Шпанија ја победи Португалија со 1-0 и се пласираше меѓу осумте најдори на Светското првенство, за Кристијано Роналдо ова беше последниот меч на Мундијалите.

Големиот Роналдо се збогува од Светските првенства без да го освои големиот пехар. Португалија доживеа елиминација од соседот Шпанија.

Пиринејското дерби беше тврдо, имаше по некоја шанса и на двете страни, но како одминуваше времето се очекуваше дека натпреварот ќе отиде во продолженија.

Сепак, во 91. минута шокантен гол, Мерино ја затресе мрежата на Португалија за победа на Шпанија од 1-0.

Португалија се обидуваше да се врати во последните моменти од мечот, но не успеа и го заврши настапот на Светското првенство.

Шпанците во четвртфиналето ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу САД и Белгија.