Тиквеш го надигра Пролет за седми триумф во плејофот

Ракометарите на Тиквеш триумфираа против Пролет со 29-25 во 13. коло од плејофот во Суперлигата.

Во првото полувреме имаше израмнета игра од двете екипи, а на паузата со водство од еден гол (17-16) замина Тиквеш.

Кавадарчани се разиграа во вториот дел и му избегаа на Пролет на 24-18, по што го задржаа водството до крајот на натпреварот.