
Талентираниот Брестовац се „калеше“ во Германија, па потпиша за Пелистер!
Дваесетгодишниот чувар на мрежата, кој е дел од младинската репрезентација на Македонија, потпиша договор на две ипол години со битолскиот клуб. Син на поранешниот селектор и ракометна легенда Данило Брестовац доаѓа во Пелистер по интернационалното искуство стекнато во германските клубови Котбус и Волф Вирцбург. Покрај настапите во клубскиот ракомет, тој се афирмираше и на репрезентативно ниво, бранејќи за македонската младинска селекција на големи натпреварувања.
Од клубот истакнуваат дека продолжуваат со стратегијата за привлекување млади македонски ракометари, а официјалното претставување на Брестовац ќе се одржи во наредните денови, по неговото пристигнување во Битола.