
Струга немоќна против шампионот: Пелистер го дели еден меч од титулата!
Пелистер беше одличен уште во првото полувреме кое му припадна со 16-12, а во вториот дел го засили темпото и се разигра во нападот за целосно да ја декласира Струга.
Битолчани во моментов имаат пет бодови повеќе од Вардар, а тоа значи дека „црвено-црните“ не смеат да си дозволат кикс во следниот дуел против Охрид.
Најефикасен во победата на Пелистер беше Цветан Кузманоски со осум голови, додека Бошњак постигна седум погодоци за Струга.