Стојаноски е нов голман на Бутел

Искусниот голман Александар Стојаноски потпиша за Бутел и ќе го брани голот на скопскиот тим во следната сезона во македонската ракометна Суперлига.

Стојаноски е среќен поради преселбата во Бутел и кажа дека со тренерот Горан Кузманоски очекува успешни резултати.

„Чест и задоволство ми е да го носам дресот на Бутел. Клубот го краси одлична атмосфера, другарство и борба на теренот. Секој би сакал да игра тука. Имаме одличен тим, а заедно со тренерот Кузманоски верувам дека сите ќе напредуваме“, кажа Стојаноски.

Чуварот на мрежата претходно бранеше и за Зомимак, Младост Богданци, Борец, Струга, Јуниор КВ, Тиквеш и Искра Бугојно.