Спектакл во Струга: Охрид го надигра Вардар и го одбрани трофејот!

Ракометарите на Охрид успеаја да слават против Вардар со 31-30 во финалето на традиционалниот меѓународен турнир „Струга 2026“.

Двете екипи понудија големо возбудување од самиот почеток, па така по 17 минути игра резултатот беше 7-7. Охрид заигра подобро во завршницата на полувремето и поведе со 15-13 на полувреме.

Вардар беше многу подобар во вториот дел, па така до 41. минута стигна до целосен пресврт (19-18). Охрид во продолжение се созема и ја врати предноста во своја корист по што следеше неизвесна завршница во која „гладијаторите“ ја одбранија титулата со 31-30.

Најефикасен на теренот беше Филип Талески со девет голови, додека на спротивната страна најдобар беше Мохаб Абделхак со осум погодоци.