Словенецот Цехте и трета сезона по ред во зелено-белиот дрес на Пелистер!

Словенечкиот репрезентативец, Нејц Цехте, и трета сезона по ред ќе го носи дресот на Пелистер, откако клубот од Битола денеска и официјално го потврди продолжувањето на договорот со искусниот десен бек.

Тој во Македонија пристигна во 2023 година од скандинавскиот клуб ГОГ Гудме, а со пелистерци освои две шампионски титули.Цехте, кој има околу стотина настапи за сениорската репрезентација на Словенија, во претходните две сезони во Лигата на шампионите постигна вкупно 50 гола. Зад себе има искуство од настап за клубови како Горење (Словенија), Хановер (Германија) и ГОГ Гудме (Данска).

Пелистер веќе започна со потврдување на костурот на тимот и со ангажман на нови засилувања, а Цехте ќе се приклучи на подготовките кон крајот на јули.