РК Бутел се засили со голман на вицешампионот Пелистер!

Челниците на ракометниот суперлигаш Бутел објавија дека потпишале договор со доскорешниот голман на Пелистер, Филип Ивановски.

Тој прифатил соработка на една година, со можност таа да продолжи на уште една сезона.

„Раководоството и стручниот штаб имаат сериозен и професионален пристап кој дава големи резултати, па Бутел секоја година се повеќе расте и се развива и станува клучен фактор во македонскиот ракомет. Со доаѓањето и играњето во овој клуб очекувам да ги покажам и надградам своите квалитети и заедно како колектив да напредуваме уште повеќе. Што се однесува до македонското првенство очекувам борба за врвот , а со тоа повторно излез на европска сцена, додека што се однесува до европските натпревари со добра ждрепка и малку среќа мислам дека можеме и до групна фаза“, изјави Ивановски.