РФМ го промени местото на баражот за пласман во Суперлигата

Ракометната федерација на Македонја денеска информираше за промена на местото на одигрување на баражот за пласман во Суперлигата.

Бараж натпреварот во кој ќе играат екипите на Струга и Младост 1977наместо во Радовиш, ќе се одигра на 3 јуни во Бутел во салата „Антон Димитров“ со почеток од 19:00 часот.

Кога во прашање е женскиот бараж во кој ќе играат ЖРК Пелистер и МРК Ѓорче Петров дуелот останува да се игра според планирното во Радовиш на 3 јуни од 17:30 часот.

Причина за промената во машка конкуренција е обезбедување на највисоко ниво на транспарентност, еднакви услови за натпреварување и непречена организација